„Душа“ е насловот на најновото музичко издание на младиот пејач Огнен Здравковски. Песната е на српски јазик, а исто така и видеоспотот за песната се снимаше во српската престолнина.
Музиката и аранжманот се дело на познатиот Саша Николиќ, кој соработува со многу српски ѕвезди, особено со Марија Шерифовиќ, додека пак текстот е дело на Мира Мијатовиќ, која инаку стои и зад текстот за песната „Оскар“, со која познатиот пејач Аца Лукас се натпреваруваше на изборот за Евровизија во Србија.