среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Спој на таленти за збогатување на македонската музика: Петрушев и „Седенка“ вистинско освежување на сцената

Спој на таленти за збогатување на македонската музика: Петрушев и „Седенка“ вистинско освежување на сцената

По година ипол затишје на македонската музичка сцена, конечно можеме да споделиме среќна вест – се случува спој на таленти, се сплотува амбицијата со искуството, се најавуваат нови проекти кои со сигурност ќе остават нов печат, за нов почеток.

Момчето кое со своите настапи ја правеше горда цела Македонија, претставувајќи се на „Ѕвездите на Гранд“, Костадин Петрушев – Коки безброј пати досега докажа дека музиката е негов живот, а публиката оцени дека неговото пеење е “рај за уши“.

Сега најавува нешто сосема ново, ексклузивно во својата изјава за КУРИР.

-Својата пејачка кариера ќе ја продолжам со група „Седенка“, односно станувам дел од едно големо семејство и скапоцен бенд кој го сочинуваат врвни уметници и професионалци. Ќе ме гледате и слушате во друга димензија и во други проекти наменети за збогатување на македонската музика, истакна младиот пејач во изјава за КУРИР.

Групата која сега има нов член постои веќе 14 години. Нивниот најсилен печат е негувањето на македонската музика. Тие се наши музички амбасадори, каде и да се појават.

Вокалот Елена Андоновска, публиката ја нарекува “македонски бисер“. Освен неа, членови на групата се: Марјан Андоновски (тапани), Александар Јовевски (клавијатури), Филип Николовски (гитара), Дарко Ницевски (хармонија), Момчило Митровски (кларинет и саксофон). Од сега, со нив ќе настапува и Костадин.

Сите заедно, сплотени во талентот и музичките вредности, сега имаат големи планови.

Еден од нив е во почеток на месец јули кога треба да отпатуваат и настапат во Подготица. Планирани се 3 големи концерти.

Имаа договорено концерт во Канада, но истиот беше одложен поради пандемијата, па следуваат преговори за нов датум за настапот.

Како што во изјава за КУРИР потенцира Петрушев, публиката ќе може заедно со „Седенка“, да ги гледа на концерти, манифестации, фестивали и приватни прослави.

-Голема чест ми е да ја делам сцената со нив. Женскиот вокал е Елена, која е бисер во македонскиот „Танец“, порача тој.