Популарната пејачка Сенида Хајдарпашиќ, попозната како Сенидах, е родена во Љубљана со потекло од Црна Гора, а за нејзиниот приватен живот малку се знае, бидејќи таа речиси никогаш не зборува за тоа во јавноста.
Во една прилика изјавила дека детали од нејзиниот живот знаат само нејзините блиски луѓе, а таа во медиумите избегнува да се појавува.
„Се трудам да избегнувам интервјуа и комуникација со медиумите. Блиските луѓе ја знаат мојата приказна, на другите им кажувам се преку музиката“, изјави во една прилика, а во едно од ретките интервјуа се осврна на стихот од нејзината песна кој како што истакна, е посветена на најтешкиот и најболниот спомен од нејзиното детство.
Станува збор за стихот „Сите будни заспаа, а јас гледав“, кој, како што тогаш објасни, се однесува на спомен од нејзиното детство, кога имала четири години.
„Тоа е најтешкиот спомен за мене. Можеби за десет, дваесет или педесет години ќе го споделам со другите она што е во прашање“, рече тогаш Сенида.
Според медиумите, таа наводно во детството доживеала тешка сообраќајна несреќа во која го загубила својот татко. Таа наводно поминала без никакви последици, додека нејзината мајка била тешко повредена, а нејзината сестра извесно време била во кома.
„Сите заспаа, а јас гледав“ наводно биле првите зборови што ги изговорила по несреќата, а токму тие ги испеала во една од најемотивните песни „Ти не беше таму“.