Ексклузивецот на „Гранд“ продукција и миленик на балканската публика, Ален Хасановиќ ја пушти во етер својата најнова песна насловена како „Судбина то зна“ заедно со видеозапис.
Новата песна е во малку поразличен стил од она што досега го слушаа неговите фанови. Зад песната „Судбина то зна“ се потпишува самиот Ален Хасановиќ (музика), текстот го напиша Јелена Трифуновиќ, авторката на хитовите „Наџи нова љубав“ на Саша Матиќ и „Само иди“ на Тропико бенд, додека продукцијата и аранжманот се на скопјанецот Бехим Авмедоски – Бекито.
Видеозаписот е снимен од продукцијата „АХ Медиа“ под режисерската палка на Армин Хасановиќ, а во него се појавува атрактивната манекенка Антонела Димова.