четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

ВИДЕО: Фаворитот за победа на Евровизија падна на обложувалниците по првата проба

ВИДЕО: Фаворитот за победа на Евровизија падна на обложувалниците по првата проба

Претставничката на Малта за Евровизија, Дестини важеше за апсолутен фаворит за победа на музичкиот фестивал.

Ова се смени по нејзината прва проба, после која Дестини падна на второто место кај обложувалниците, додека на првата позиција сега се наоѓа француската претставничка Барвара Прави која се уште не ја одработила пробата.

Дестини (18) на пробата била облечена во розова комбинација која не сокривала премногу. Фановите на Евросонг се воодушевени од нејзиниот глас, но многумина се разочарани од стајлингот и сценскиот настап

Дури и сериозните критичари на Евросонг велат дека имала многу лош сценаски настап, не само поради стајлингот туку и поради нејзината несигурност на сцената и постојаното гледање во под.