четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

ВИДЕО: Луѓето излегле од киното поради жешките сцени: Одржана премиерата на филмскиот хит во Венеција, а еве зошто екипата не присуствувала

ВИДЕО: Луѓето излегле од киното поради жешките сцени: Одржана премиерата на филмскиот хит во Венеција, а еве зошто екипата не присуствувала

Филмот „Poor Things“ ги воодушеви критичарите, а поради жешките сцени на Ема Стоун, луѓето излегувале од киното на премиерата во Венеција.

Актерката Ема Стоун може да се надева на Оскар по премиерата на филмот „Poor Things“, оцена е на филмските критичари.

Остварувањето доби стоечки овации од осум минути на премиерата во Венеција која се случи во петокот навечер. Приказната е инспирирана од Франкенштајн, во режија на Јоргос Лантимос, а истата ја воодушеви публиката и критичарите.

Во филмот има многу „еротски“ сцени, вклучувајќи и експлицитни сцени од интимни односи. Особено се зборува за една, кога Ема Стоун се задоволува користејќи јаболко.

„Исклучителна приказна за растењето, Ема е неверојатна и заслужува номинација за Оскар. Меѓутоа, неколку луѓе кои се шокираа од експлицитните сцени го напуштија киното“, напишал критичарот на „Variety“, Клејтон Дејвис.

Никој од главните актери не се појавил на премиерата на филмот ниту прошетал на црвениот тепих во Венеција.

Оскаровската Ема Стоун, како ни актерите Марк Рафало и Вилем Дефо не дошле во Италија поради холивудскиот штрајк на сценаристите.