понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

ВИДЕО: Одлична преработка на патриотската песна „Оган да го гори“ во изведба на Сања Ристеска

ВИДЕО: Одлична преработка на патриотската песна „Оган да го гори“ во  изведба на Сања Ристеска

Пејачката Сања Ристеска, која во моментов е една од најпопуларнитепејачки на нашата фолк естрада. Водена од љубовта кон македонската традиционална песна, направи извонредна преработка на песната “Оган да го гори”, оригинално изведена од доајенот на македонската народна музика Гоце Николовски, чиј автор на музиката и текстот е самиот тој.

Песната е премиерно изведена 1992 и по цели 30 години и уште 3 преработки од врвни македонски пејачи, како група Бисер, Војо Стојановски и Сузана Спасовска, ја добива и оваа модерна верзија.

Спотот е снимен во Крушево и е во продукција на “Арт студио” и BalkanMusicTv, аранжманот го направи Дејан Момировски (XL Studio), а дополнителна празнична и впечатлива музичка нота дава познатиот Џељо Дестановски со своите зурла и кавал.

“Верувам дека ќе ве направам горда и ќе го зачуваме духот на македонската песна сите заедно” – изјави Сања Ристеска задоволна од реализацијата на целиот нов музички проект.

Со констатацијата дека во овие турболентни времиња во кои опстанокот и идентитетот на татковината и македонскиот народ се брутално загрозени, на Македонија и тоа како и се потребни вакви исклучително патриотски настроени уметници, кои и во иднина низ своите песни ќе продолжат да ја негуваат традицијата на македонската народна музика и обичаи, кои се нераскинлив дел од идентитетот на еден народ.

Проследете како звучи изгледа најновата верзија на „Оган да го гори“ во изведба на Сања Ристеска (КЛИКНИ ТУКА), која премиерно беше промовирана за Денот на независноста, 8-ми Септември, годинава: