Денес, точно на пладне, Пепа Димитрова на својот „Јутјуб“ канал, го промовираше спотот за новата песна “Длабоко”.
Се работи за интересен видео запис кој ja доловува емоцијата и драмата содржана во музичката приказна. Сниман е на повеќе локации. Меѓу нив и во Сливница, на Преспанското Езеро. Режисерскиот потпис е на Зоран Стојановски Зонде.
-Сакам музика со душа, со емоција, пред се песни кои носат предизвик во интерпретаторски смисол. Оваа песна е токму таква и навистина заслужи своја видео приказна. Драго ми е што финалниот продукт е нешто што со право може да биде потпишано со ДЛАБОКО-вели Пепа Димитрова за новиот спот.
Инаку, песната “Длабоко” премиерно беше изведена на овогодинешниот Макфест. Музиката и аранжманот се на Арсовски Јованче, а текстот е на Наталија Данаилова.
Истата ќе биде дел од албумот кој е во подготовка и од кој веќе се снимени повеќе песни. Пепа Димитрова најавува дека деновиве ќе снима и нов спот.
Погледнете го видеото на следниот линк: