недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

ВИДЕО: По долго време, Ѓорѓи Крстевски објави нова песна

ВИДЕО: По долго време, Ѓорѓи Крстевски објави нова песна

Македонскиот пејач Ѓорѓи Крстевски по повеќегодишна пауза објави нова песна.

Имено, последниве години тој повеќе и се посвети на авторската работа како композитор, продуцент, аранжер и режисер на видео спотови за македонски изведувачи како: Тијана Периќ, Александра Јанева, 2Бе, Владимир Ризовски и Тања Војкоска, Горан Наумоски и Горан Папас, запоставувајќи го сопственото творештво лично за себе.

На радост на неговите обожаватели Ѓорѓи има нова песна насловена „Ти и јас“ направена во негов стил.

Иако не се работи за балада, туку со песна со побрз ритам се чувствува неговиот авторски дух, како и неговата специфичната вокална изведба. Крстевски е комплетен автор на песната – музика, текст и аранжман.

Песната е визуелизирана во комбинација со видео и текст анимација изработена од Крстевски и Гоце Наков.