Марија Спасовска е 12 годишно девојче кое плени со својот моќен глас. Иако е само седмо одделение, со сигурност можеме да кажеме дека и претстои убава и светла музичка кариера.
Нејзиното досегашно искуство е прилично богато. Има издадено свое промотивно ЦД со вкупно 7 соло песни. Учествува и добитник е на награда за финалист од детска категорија при „Кастинг талент шоу“. Во истото шоу добива улога за мал ангел во првиот македонски мјузикл „Тајно Моја“. Има освоено и две награди со второ место на настапи во Минск, Белорусија и во Струга.
Марија има добиено награда за трето место во Витебск, Белорусија на Славјански базар со изведбата на песната „Црно и бело“ од Калиопи.
Марија на пошироката јавност и стана позната со своите настапи на шоуто за млади музички таленти „Пинкови Ѕвездички“.
Последно нешто од младата Марија е одличната преработка на песната победник на Евровизија „Euphoria“ од Швеѓанка Лорен.