Македонската пејачка Пепа Димитрова на неодамна одржаниот фестивал на забавни мелодии „Макфест 2020“ се претстави со песната „Студени очи“.
За да биде комплетна темата, Пепа снимаше и видео спот кој го изработи Александар Пауновски, а фотографијата е на „2 С студио“.
Видеоматеријалот е снимен на неколку локации низ Македонија, а користен е олдтајмер Бјуик од 52-та година на приватен колекционер од Битола.
Инаку, автор на „Студени очи“ е Слободан Стојанов, додека текстот е на Игор Џамбазов.
Пепа Димитрова за прв пат на музичката сцена се појавува на „Охрид фест“, во 2014 година каде и беше победник на поп вечерта.
Во продолжение слушнете ја најновата песна на Пепа Димитрова која веќе е апсолутен хит на радио станиците.