Здравко Чолиќ, еден од најзначајните пејачи на регионалната музичка сцена, денес 8 март, на Меѓународниот ден на жената, на својата публика и подари нова песна.
За сите прекрасни дами, легендата на екс ју сцената со музички подарок – нов сингл насловен „100 дуката“ .
Автор на музиката за „100 дуката“ е познатиот пејач Саша Матиќ, текстот го потпишува Милош Смиљаниќ Зуца, а за аранжманот беше задолжен неговиот стар соработник Никша Братош.