петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Викендов дечињата ќе уживаат во „Поточиња“

Викендов дечињата ќе уживаат во „Поточиња“

Претстојниот викенд, Македонската филхармонија ќе биде главно место за детски џагор, полн со радост и смеа, бидејќи ќе се одржи 20. роденденско издание на детскиот фестивал „Поточиња“, информираа организаторите.

-Билети сè уште има во продажба преку продажната мрежа на МК Тикетс, како и онлајн на mktickets.mk/event/potocinja13/ и www.karti.com.mk/potocinja-2023.nspx. Јубилејното роденденско издание на „Поточиња“ ќе се одржи во три различни термини. Утре и во недела, со почеток во 11, 13 и 19 часот. Овој викенд ќе биде посветен на дечињата, кои заедно ќе пеат, играат и празнуваат, додека новите хитови на „Поточиња“ ќе ги забавуваат. Дваесет години „Поточиња“ – 20 години песна, радост, смеа, се наведува во соопштението.