среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Музика

„Воздишка за тебе“: Пламенка Трајковска со музички подарок за публиката

„Воздишка за тебе“: Пламенка Трајковска со музички подарок за публиката

Нашата виолинистка Пламенка Трајковска го промовира синглот „Воздишка за тебе“. Премиерата на синглот ќе биде на 13 февруари во 20:00 часот на Јутуб каналот на Пламенка Трајковска како музички подарок по повод Денот на љубовта и виното.

Композицијата „Воздишка за тебе“ е во поп романтичен стил за соло виолина и Пламенка Трајковска е комплетен автор и изведувач.

Воздишка за тебе го носи слушателот на возбудливо музичко патување со прекрасна музичка линија и романтичен звук на виолината на Пламенка Трајковска. Синглот ве носи во отворени неоткриени имагинативни светови и романтика која создава пријатни чувства и спокој.

Пламенка Трајковска досега има реализирано повеќе композиции во поп романтичен стил како композициите „Сон“, „Феникс“, „Твојот допир“, „Розите од истокот“ и други синглови, автор е на албумот „Апасионато“ и на албумот за виолина и пијано од Камиј Сен Санс -„Карневал на животните“.

Виолинистката Пламенка Трајковска во македонската јавност е позната по својата работа со малите камерни состави со кои настапува како гудачки квартет и трио, гудачки секстет и мал камерен оркестар, танго трио и соло виолина. Малите камерни состави настапуваат на концерти и на настани од отворен и затворен карактер со единствена цел да ја донесат класичната музика пред широката публика.

Досега Пламенка Трајковска има реализирано голем број на концерти во Македонија и концерти во Хрватска, Србија, Бугарија, Грција Франција,Танзанија и Турција.

Видеото можете да го погледнете вечерва на линкот во продолжение: