четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Заслужено е омилен кај македонската публика: Саша Ковачевиќ викендов прави хуманитарен концерт за нашите Дејан и Мартин!

Заслужено е омилен кај македонската публика: Саша Ковачевиќ викендов прави хуманитарен концерт за нашите Дејан и Мартин!

Популарната балканска музичка ѕвезда Саша Ковачевиќ, на 30 ноември ќе одржи хуманитарен концерт во Прилеп. Големиот хуманитарен концерт е закажан во спортската сала „Maкедонија“,а собраните средства се за помош на Дејан Најдоски и Мартин Стојаноски. Ова е најверојатно прв случај кога музичар од регионот прави хуманитарен концерт за деца од Македонија.

Концертот започнува во 21 часот, а влезниците се по цена од 200 денари.

22-годишниот Мартин е од струшкото село Дрслајца. Тој во тешка сообраќајна несреќа се здоби со тешки телесни повpеди, поради кои сега се наоѓа во инвaлидcка количка.

Станува збор за момче кое е фудбалски голман и одличен свирач на хармоника. Средствата се потребни за лeкување во Москва, Русија.

Дејан Најдоски боледува од аутизам. За подобрување на неговата состојба беше потребно да замине на лекување и третман со матични клетки во болница во Турција.

Сумата која беше потребна беа 54.000 евра, а досега Дејан успешно помина два третмани со матични клетки. За подобрување на неговата состојба потребни се нови два зафати со матични клетки.

Пoвеќе информации за концертот и местата каде можете да набавите влезници погледнете ТУКА