вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Ѕвездата е родена: Талентираната Александра Трајчевска победи во онлајн талент-шоуто „Заблескај“ (ВИДЕО)

Ѕвездата е родена: Талентираната Александра Трајчевска победи во онлајн талент-шоуто „Заблескај“ (ВИДЕО)

Талентираната прилепчанка Александра Трајческа (19) е победничката во втората сезона на оналјн-талент шоуто „Заблескај“, кое е во оригинален мултимедијален проект на компанијата “Колор Медиа Плус“ и магазинот “Убавина и Здравје“ поддржан од ОРБИТ.

Александра успеа да ги освои максималните бодови од жирикомисијата составени од членовите: Композиторот Николче Мицевски, пејачката Александра Јанева, естрадниот новинар Антонио Димитриевски и модната дизајнерка Маја Кикириткова.

Вкупно во финалето се натпреваруваа 12 кандидати, но само Александра со својата изведба на џез-нумерата „Orange Colored Sky“ брилијираше и заслужено го освои првото место.

Одлични беа и останатите натпреварувачи, но за жал мора да победи само еден…
Инаку Александра како главна награда освои 1.000 евра и договор со пиар и букинг менаџер во времетраење од една година.

Погледнете го како изгледаше финалето од втората сезона на музичкото онлајн талент шоу „Заблескај“: