Познатиот актер Ал Пачино доби четврто дете со неговата девојка Нур Алфал, која е 54 години помлада од него. Веста дека се породила ја потврдила Нур, но не сакала да го открие полот на детето.
Оваа 29-годишна жена го роди своето прво дете, додека 83-годишниот актер веќе има наследници од претходните бракови.
Веста за нејзината бременост го шокираше светот, пред се поради големата разлика во годините, но и поради разните шпекулации кои ја придружуваа нивната врска.
Сепак, извори од странските медиуми потврдуваат дека и двајцата се пресреќни и возбудени поради раѓањето на наследникот.
Тие двајца првпат беа видени заедно во април минатата година, а Нур веќе имаше врски со многу постари мажи. Пред Ал Пачино, таа беше во врски со Клинт Иствуд како и Мик Џегер.
„Годините не ми беа важни. Срцето не знае што гледа, знае само што чувствува. Тоа беше мојата прва сериозна врска и тоа беше среќен период за мене“, изјави таа еднаш за врската со Џегер за Hello.