Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ решија да застанат на лудиот камен. Во нивното заедничко гостување открија и кој ќе им биде кум.
Александра и Филип ќе ги венча познатиот српски пејач Аца Пејовиќ.
Tие гостувајќи во специјалната емисија на „Гранд ѕвезди“ отворено зборуваа за тоа како и зошто го избрале познатиот пејач за кум.
„Кога почнавме Александра и јас да се забавуваме бевме на еден роденден на кој имаше многу пријатели од музичкиот свет. Еден човек седеше спроти нас и не гледаше цело време, а во еден момент ми кажа: „Ти си готов. Свадба, ти си готов“. После 15 минути повторно- ти си готов, тоа е готово! И тоа го повторуваше цело време. Не знаев што да му кажам, а во себе мислев на тоа дека се забавуваме одвај десет дена и дека ни на мене, ниту на Александра свадба не ни паѓаше на памет. Во еден момент јас и Александра станавме и му кажавме на тој човек, а тој човек се вика Ацо Пејовиќ: „Ако навистина биде свадба, ти мора да бидеш кум“ и така ќе биде, Ацо ќе ни биде кум, вели Филип во емисијата во која гостуваа сите заедно со Лепа Брена, а која можете да ја погледнете во продолжение.