четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Александра Пријовиќ го измамила Филип: Имала афера со оженет тенисер, Брена полуде

Александра Пријовиќ го измамила Филип: Имала афера со оженет тенисер, Брена полуде

Александра Пријовиќ три месеци, како што пишува „Стар“ зад грбот на вереникот Филип Живоиновиќ се гледала со оженет тенисер, па сега многу нагаѓаат дали е тоа Новак Ѓоковиќ, Виктор Троицки, Јанко Типсаревиќ, Илија Бозољац или Ненад Зимоњиќ.

Поради оваа афера за која Филип неодамна дозна, популарната двојка може да ја откаже свадбата која е закажана за 21 јуни во Белград.

– Веќе извесно време се шушка по естрадните кругови дека Александра се гледа со тенисер кој е во брак. Последен пат имале тајна среба пред три месеци, кога и тој бил во Србија. Филип добил анонимна порака: Дали знаеш каде ти е вереницата и со кого? Можеби би требало да ја повикаш на видео-повик! Ќе ти кажам дека е во хотел кој е оддалечен два часа од Белград, пренесува магазинот.

Овие приказни дошле до Брена и Боба, а тие им порачале дека таква брука не им е потребна. Брена ги советувала да не прават скандали пред свадбата и му рекле на Филип обавезно да му се јави на тенисерот и да провери дали некој од неговото опкружување ги пласира овие информации.

Филип и ја покажал пораката на Александра и барал да му објасни зошто цел град збори за нејзината афера со тенисерот кој тие го познаваат.

Најнови вести