петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Aлександра Пријовиќ откри каква е Лепа Брена кога ќе се затворат вратите од нејзиниот дом

Aлександра Пријовиќ откри каква е Лепа Брена кога ќе се затворат вратите од нејзиниот дом

Лепа Брена важи за една од најпознатите пејачки во регионот, а нејзиното семејство најдобро знае каква е кога ќе се затварат вратите од нејзиниот дом.

Александра Пријовиќ која е во брак со посинокот на Лепа Брена вели дека и таа своевремено мислела дека балканската ѕвезда е недостижна и дека се околу неа е гламур.

Меѓутоа, кога станала дел од семејството Живојиновиќ сфатила дека Брена е обична жена како и многумина дами.

Пријовиќ направи разлика на темата колку се разликува нејзиниот живот од животот на другите девојки.

-Разликата е што јас снимам емисии, спотови, пеам во клубови. Се сеќавам кога бев мала, па мислев еве за Брена. Јас мислев дека се нешто се случува, каков е тој живот, а таа е една најнормална личност – исто како и мојата мајка, изјави Александра за Мондо.

Најнови вести