недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Ана Бебиќ се враќа на сцената по долга пауза: Снимала спот на улица, па мислеле дека е ОВАА славна пејачка

Ана Бебиќ се враќа на сцената по долга пауза: Снимала спот на улица, па мислеле дека е ОВАА славна пејачка

Во новото издание на емисијата „Премиера викенд специјал“, пејачката Ана Бебиќ гостуваше во студиото, каде милионската публика можеше да го слуша нејзиниот вокал во живо и да слушне детали за нејзината нова песна.

Ана проговори за денешната поп сцена која ја затекна по медиумската пауза и даде свое мислење за пејачите, споменатиот жанр, но и за новиот сингл што неодамна го објави.

-Кога се вратив по долга пауза, видов колку брзо се движи сцената. Луѓето објавуваат песна по песна, а да се разбереме, сето ова е скап спорт. Јас не сум некој што пишува песни или текстови и барам се. Оваа хиперпродукција ја проголта поп музиката, тој звук исчезна и пејачите од тој жанр се пензионираа. Мојата нова песна е таков поп звук и мислам дека е време малку да ја вратам. Одлично беше и снимањето на спотот, ми се случи некој тип да вози покрај нас и да викне: „Еј, еве ја Милица Павловиќ“ – се насмеа пејачката.

Најнови вести