понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Ана Бекута ги расчистува работите останати од нејзината љубов – пејачката од погребот нема излезено од дома, а сега изнесе огромни црни вреќи

Ана Бекута ги расчистува работите останати од нејзината љубов – пејачката од погребот нема излезено од дома, а сега изнесе огромни црни вреќи

Ана Бекута неодамна се соочи со голема загуба – нејзиниот долгогодишен партнер Милутин Мркоњиќ Мрка почина.

Пејачката остана во пентхаусот во кој живееја, а соседите тврдат дека по погребот на Мрка со денови не излегувала од дома.

-Ја немавме видено од погребот, внуците ѝ носеа се’ што ѝ беше потребно, често ги гледавме со кеси од продавница. Дури по некои 15-тина дена ја видовме да шета низ паркот. Изгледаше истоштено, уморно, здравствено лошо се чувствуваше. Ја погоди смртта на партнерот со кого се смееше на секој чекор. Никогаш ја немавме видено толку среќна како што беше покрај него. Нон-стоп се држеа за рака, Мрка беше голем џентлмен кон неа, па затоа разбираме зошто е тажна и расплакана“, раскажа сосед од зградата за српските медиуми.

-Пред некој ден ја видов како со внукот изнесува големи црни вреќи од влезот и ги става во багажникот од неговиот автомобилот. Не знам што беше внатре, веројатно облеката на Милути ја подари во хуманитарни цели. Многу ми е жал кога ја гледам бледа, расплакана, то се’ не преживеа, но и понатаму добро се држи“, заклучува соседот.

Најнови вести