петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Ана Бекута со фотографија од младоста предизвика лавина на коментари: На оваа девојка други сакаа да и го одредат патот, но…! (ФОТО)

Ана Бекута со фотографија од младоста предизвика лавина на коментари: На оваа девојка други сакаа да и го одредат патот, но…! (ФОТО)

Популарната пејачка Ана Бекута со својата фотографија, на која што ретко кој би ја препознал, испрати силна порака до жените за 8-ми март и мотивираше многу жени.

Имено, пејачката истакнала дека таа, како и многу жени, била меѓу таквите на кои другите им го одбирале животниот пат, меѓутоа, како и многу други жени благодарение на својата храброст успеала да биде она што е денеска.

-На секоја жена во Србија, некој се обидел да и го избере патот. Многу од нив ја менувале историјата. Многу ќе ги памтиме по големите успеси, жртвување и револуции, порачала Бекута.

-Сепак денешниот ден посебно им го посветувам на оние за кои никогаш не сме слушнале, но кои што биле доволно храбри да ги менуваат своите животи и одбиле она што некој друг им го одбрал, напиша познатата пејачка.

-На оваа фотографија е девојка на која што исто така сакаа да и го одредат патот. Се вика Нада Полиќ и после неколку децении откако е направена ова фотографија, таа дефинитивно не стана тоа што посакува злонамерните. Среќен ден мои дами, храбри мои лавици!, заклучила пејачката.

„Браво, Ана, те сакам!“, „Ова е најубавата порака која што сум прочитала по повод Денот на жената“, се само дел од коментарите на сметка на денеска популарната пејачка.

Најнови вести