понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Аријана Гранде со емотивна порака на годишнината од терористичкиот напад во Манчестер

Аријана Гранде со емотивна порака на годишнината од терористичкиот напад во Манчестер

Пејачката Аријана Гранде им изрази сочуство на своите обожаватели на годишнината од терористичкиот напад кој се случи на нејзин концерт во Манчестер.

– Мислам на сите вас, како денеска, така и секој ден. Ве сакам со цело мое срце, и ви ја испраќам сета моја топлина којашто ја имам на овој тежок ден, напиша таа.

Аријана додава дека се уште тешко го преживува нападот.

– Музиката треба да биде најбезбедното нешто на светот. Тоа ме тишти секој изминат ден, додава таа.

Во бомбашкиот напад на исламист на концертот во Манчестер лани беа убиени 22 лица, а повредени околу 500, од кои повеќето деца.

Најнови вести