сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

АТИНА И НИКА ЌЕ СТАНАТ МИЛИОНЕРКИ – Душко и Јелена ќе им остават луксузни вили, а особено од висината на алиментацијата ќе ви се заврти во умот

АТИНА И НИКА ЌЕ СТАНАТ МИЛИОНЕРКИ – Душко и Јелена ќе им остават луксузни вили, а особено од висината на алиментацијата ќе ви се заврти во умот

Регионот трет ден непрекинато пишува за разводот на пејачката Јелена Карлеуша и поранешниот фудбалер Душко Тошиќ.

По 14 години брак пејачката откри дека Тошиќ повеќе не се гледал како дел од нивното семејство и откри дека целиот заеднички имот им го оставаат на двете ќерки, додека старателството и припаднало на неа.

Овој пар инаку поседува неколку луксузни куќи на ексклузивни локации во Белград.

Пред неколку години парот ја купи вилата на Драган Стојковиќ Пикси, лоцирана на Дедиње вредна околу 3 милиони евра во која Карлеуша живее во овој момент со ќерките.

Поранешниот фудбалер освен што купи две вили во Белград, има и куќа во Орловат, селото каде живее неговата мајка.

Бидејќи нивните деца се малолетни, засега Јелена ќе располага со нивниот имот, а по полнолетството ќе остане се на нивно име.

Освен тоа Душко ќе мора да плаќа и алиментација за децата и тоа во висина од 5 илјади евра месечно за двете ќерки, како и финансирањето на нивното школување ќе го плаќа нивниот татко.

Инаку Душко во периодот од 2015 до 2020 година заработил околу 18 милиони и 750 илјади евра.

Најнови вести