петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Масовен протест во Атина за поддршка на Палестина, инциденти пред амбасадата на Израел (ФОТО)

Масовен протест во Атина за поддршка на Палестина, инциденти пред амбасадата на Израел (ФОТО)

Мали инциденти се случија пред амбасадата на Израел во Атина, меѓу група поддржувачи на Палестина и грчката полиција во пресрет на протестот за солидарност до палестинскиот народ, јави дописничката на МИА од Атина.

Синдикатот ПАМЕ на Комунистичката партија на Грција, здруженија на Палестинци, левичарски организации, студентски здруженија и сл, попладнево одржаа собир пред грчкиот Парламент и марш низ улиците во Атина до амбасадата на Израел, а според полициски извори, учествуваа над 10.000 лица.

Кусо пред демонстрантите да стигнат до амбасадата,се случи мал инцидент меѓу група Палестинци и полицијата која употреби солзавец.

Подоцна групата запали пано со фотографијата на израелскиот премиер Нетанјаху, а беа развиорени и палетински знамиња.

„Слобода за Палестина“ беше главниот слоган на протестот, а амбасадата на Израел во Атина вечерва беше под драконски безбедносни мерки.

Претходно, пред израелската амбасада се одржа мал протест за поддршка на Израел, а на насобраната група телефонски им се обрати и амбасадорот на Израел. (МИА)