Автомобил од марката „Форд Фиеста“ во сопственост на српската пејачка со македонско потекло Гоца Божиновска излетал од патот, удрил во електричен столб и се запалил.
Несреќата се случила утрово околу 5 часот, а на лице место е ангажирана полицијата и пожарникарите.
Утврдено е дека возачот избегал од самото место пред да дојде полицијата и пожарникарите, а истрагата е во тек.
Пејачката за српски „Телеграф“, вели дека нејзиниот син ја позајмил колата на негов близок пријател кој ја возел колата за време на несреќата.
Иако естрадата е во паника мислејќи дека пејачката била внатре, сепак таа потврди дека за среќа ни тааа ниту некој друг е повреден од нејзиното семејство, а се уште не се знае што се случува со возачот.