вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Бајага со први детали за разводот од сопругата

Бајага со први детали за разводот од сопругата

Разводот на Момчило Бајагиќ Бајага по 33 години минати во брак го шокираше регионот. Тој и неговата сопруга Емилија важеа за еден од најстабилните парови на српската јавна сцена.

Иако Бајага речиси никогаш не зборува за приватниот живот, музичарот потврди дека се развел од сопругата.

За Аваз открива дека тоа се случило пред подолго време.

-Микогаш не зборувам за мојот приватен живот. Разводот беше пред повеќе од година ипол, а дури сега се дозна. Одамна беше тоа за да се сетам, изјавил Бајага.

Сега веќе поранешната сопруга Емилија никогаш не сакала јавно да се експонира и приватноста и била на прво место. Во брак со Бајага беше од 1989 година, а заедно ги имаат ќерката Анѓела и синот Марко.

Најнови вести