среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

БЕКВАЛАЦ ДАВА 600 ЕВРА МЕСЕЧНО ЗА НЕГО – пејачката ги остави цигарите и донеси уште една важна одлука!

БЕКВАЛАЦ ДАВА 600 ЕВРА МЕСЕЧНО ЗА НЕГО – пејачката ги остави цигарите и донеси уште една важна одлука!

Наташа Беквалац ги шокираше фановите кога откри дека нема да настапува некое време, а неодамна истакна дека одлучила да ги остави цигарите, и еднаш засекогаш да се ослободи од зависноста од никотин.

Сепак, не е така лесно и Наташа неодамна се пожали: “Ова е буквално протерување на ѓаволот! Егзорцизам, луѓе! И јас јадам толку многу, тоа се килограми храна, полудувам. Луѓе, петти ден без цигара Ова е страшно како се чувствувам. Многу сум нервозна, агресивна, чувствителна … буквално сум опасна за околината”.

Како што сега пренесуваат медиумите, убавата Наташа одлучила да ангажира приватен тренер кој и го препорачала колешката Емина Јаховиќ. Наташа се надева дека физичката активност и редовниот тренинг конечно ќе и помогнат да се откаже од порокот.

Како што се наведува, таа наводно ќе му плаќа 600 евра месечно, а доколку е потребно и тој ќе доаѓа на нејзината домашна адреса.

Покрај ангажирањето тренер, Наташа оди и кај психотерапевт кој и е психолошка поддршка во борбата против цигарите.

Најнови вести