Поп – ѕвездата Наташа Беквалац ретко објавува слики од својата мајка Мира, за која вели дека е нејзината најголема поддршка во животот, но овој пат имала добра причина.
Наташа Беквалац не го крие својот приватен живот од јавноста и често споделува приватни моменти минати со пријатели и семејтвото на социјалните мрежи , но овој пат описот на фотографијата на која позира со мајка си Мира ги насмеа своите следбеници.
Иако не ја придружува често на настапи, таа редовно ја советува, но и помага и при чувањето на децата. Пејачката е многу благодарна за тоа.
„Мојата мајка, се што е добро во мене дојде од неа, се што не слушав, заебав“, напиша пејачката.