Наташа Беквалац по настапот во Будва го доби прекарот “црна мачка“, а причина за тоа е нејзината облека.
Новинарите ја прашаа пејачката дали нејзината мајка го одобрила таквиот изглед, а Наташа во нејзин стил, даде урнебесен одговор.
-Да ја прашам мајка ми за мислење и да ја слушам, веројатно би била облечена како калуѓерка. Тоа не оди со мојата природа и слободата што ја носам во себе, изјави Наташа.
Еве што им замерува на новинарите.
-Секој зборува за себе. Ме нервира кога правиме исклучително забавно интервју, а потоа целосно се извртува кога ќе биде покриено од печатените медиуми. Тогаш изгледа банално и површно, а јас не сум таква, изјавила пејачката.