среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Бен Афлек: Да останев со Џенифер ќе бев алкохоличар

Бен Афлек: Да останев со Џенифер ќе бев алкохоличар

Бен Афлек говореше за пропаднатиот брак со актерката Џенифер Гарнер за кој вели дека не функционирал.

-Тоа се случува. Таа е личност која јас ја сакам и почитувам, но со која повеќе не можев да бидам во брак. Веројатно и понатаму би пиел, а почнав да пијам бидејќи влегов во рутина во која се чувствував заробен, неодамна откри Бен.

49 годишниот актер вели дека имал проблеми со алкохолот и во 2018 година бил на одвикнување.

-Не можев да заминам поради децата, но не бев среќен. Што требаше да направам? Е тогаш, би испил цело шише виски и би заспал на креветот, што не беше решение за проблемите, раскажува актерот.

Со Гарнер тој беше во брак од 2005 до 2018 година, двајцата сакале да го спасат нивниот однос поради трите деца Виолет (16), Серафин Роуз Елизабет (12) и синот Семјуел (9).

-Се обидувавме поради децата, но и двајцата чувствувавме дека не сакаме децата да мислат дека така треба да изгледа бракот. И се што прочитавте за нашиот брак е ср*ње. Вистината е дека ни требаше некое време да донесеме одлука и да се разделиме, потенцира Афлек.

Од оваа пролет Бен повторно е во врска со Џенифер Лопез со која беше верен пред врската со Гарнер.

 

Најнови вести