сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Бен Афлек ги изненади обожавателите со својот „течен“ шпански

Бен Афлек ги изненади обожавателите со својот „течен“ шпански

Американскиот глумец Бен Афлек ги изненади своите обожаватели со својот прилично солиден, „течен“ шпански… Така што, некои велат и дека подобро се изразува од неговата сопруга Џенифер Лопез, на која шпанскиот ѝ е мајчин јазик.

Последниве денови Афлек го промовира својот нов филм „Воздух“ (Air) за светскиот хит на „Најки“ – патиките „Ер Џордан“. По тој повод тој даде изјава на шпански јазик и за шпанската радиостаница „Кадена СЕР“.

– Битното што треба да се знае за филмот е дека не се работи за Мајкл Џордан и во него нема кошаркари, нагласи Афлек, објаснувајќи дека Џордан е толку голем, што веројатно ниту еден глумец „не може да го прикаже или да биде доволно убедлив“. – Тоа би го уништило филмот. Луѓето веднаш би го критикувале кастингот и би рекле дека филмот е неубедлив, додаде Афлек.

„Па, тој зборува шпански подобро од мене, а тоа е мојот мајчин јазик“, „Кој е ова, по ѓаволите? Човеку, тој толку добро говори шпански”, „Се изразува подобро од Џеј Ло на шпански јазик” – гласат дел од коментарите за изјавата.

Некои го погодуваа и неговиот нагласок – дали е порторикански, мексикански… Така, веројатно, вториве се во право. Всушност, Афлек еднаш откри дека го научил шпанскиот јазик додека снимал ТВ-серија во Мексико како тинејџер. Подоцна само го надградил своето знаење поради ќерка му Вајолет, која исто така, почнала да учи шпански.

Најнови вести