недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Познати

Бен Афлек „ќутук“ пијан, не може да стои на нозе (ВИДЕО)

Бен Афлек „ќутук“ пијан, не може да стои на нозе (ВИДЕО)

Славниот оскаровец, Бен Афлек (47), кој јавно ја призна својата битка со зависноста од алкохол, во саботата бил „уловен“ „мртов“ пијан на маскембалот што го организирал УНИЦЕФ во Холивуд.

Афлек носел темно син костум и кошула, а на лицето ставил „страшна“ маска. Афлек пред новинарите позирал во прегратка со непозната млада девојка, при што медиумите објавија дека таа е негова партнерка за забавата. Снимките потоа прикажуваат како тие двајца се упатуваат кон автомобилот, но тој во еден момент останува да им позира на папараците. Во тој момент, вистината излезе на виделина. Афлек едвај можел да стои на нозе, нишајќи се, спрепнувајќи се, па во еден момент речиси ќе паднел на земја, доколку не се потпрел на автомобилот.

– Тешко и неостварливо е да се биде трезен. Бен призна дека одвреме навреме пропаѓа. Никогаш не дошол до точката дека зависноста станала минато за него – рекол еден пријател на Афлек.

Интересно е што неколку часа пред да замине на забавата, Бен Афлек се пошегувал на своја сметка на Фејсбук и зборувал за неговиот проблем со алкохолот.

„Ајде да бидеме сериозни за момент и да кажеме нешто што навистина е важно. Повеќе од една година се лекувам од зависност од алкохол и дел од тоа време им помагам на другите. Забавата на полноќ ја организира неверојатна организација која им помага на сиромашните со сместување, закрепнување, обука и развој. Ќе донирам пари за нив затоа што има луѓе кои секојдневно се борат со зависност и немаат ресурси и им е потребна помош“, напишал Бен Афлек.

Најнови вести