среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Беше финалист во „Ѕвездите на гранд“ – почина млад пејач, зад себе остави две деца и сопруга (ФОТО)

Беше финалист во „Ѕвездите на гранд“ – почина млад пејач, зад себе остави две деца и сопруга (ФОТО)

Почина Јасмин Хасиќ, поранешен финалист во „Ѕвездите на Гранд“.

Талентираниот пејач имаше само 36 години. Неодамна му бил откриен тумор на бубрезите поради кој пред три неделе бил опериран во Турција, но по зафатот не успеал да се се избори со тешката болест, информираат српските медиуми.

Тажната вест ја потресе естрадата. Многу познати личности се огласија на социјалните мрежи, а меѓу нив и Лејла Захировиќ.

„Останав без зборови, ништо не може да ги намали болката и тагата.. Разочарување! Ова е огромна загуба, голем човек, пејачиште, прекрасен сопруг и татко.. Засекогаш ќе те сакам, брату мој“, напиша таа.

Пораки со поддршка во овие тешки мигови постојано се редат и на фејсбук-профилот на сопругата на пејачот со која има две деца.

„Тагата и болката се големи, примете мое искрено сочуство, Бог нека ви даде сила“, е една од пораките.

Најнови вести