Мелани Браун повторно го шокираше светот откако реши да отстрани цело парче кожа од делот каде се наоѓаше нејзината тетоважа со името на поранешниот сопруг и истото го чува во тегла.
-Хирушки го отстранив парчето кожа бидејќи со ласер многу повеќе болеше. Знам дека звучи чудно, но остатокот го чувам во стаклена тегла. Чувството е како да сте силувани и имате сила да исчистите се од себе. Не сакав да имам на себе ништо што ме потсетува на него, признава Мелани.
Јавноста се уште не знае зошто се одлучила на овој бизарен чекор и да го чува парчето кожа во својот дом.
Таа минатата година откако се разведе тврдеше дека сопругот ја злоставувал и буквално ја оставил со два куфера, а таа мора и да му плаќа алиментација на него по нивниот развод.