Хрватската пејачка Маја Шупут во саботата на 39 години го кажа своето судбоносно „ДА“ по три години врска со младиот бизнисмен Ненад Татаринов (36).
Свадбената прослава како од бајките се одржа во Истра , додека пејачката блескаше во белата венчаница со длабоко деколте.
По венчавката таа на својот Инстаграм профил сподели видео од прославата кое им ги насолзи очите на многумина фанови.
На луксузната локација претходно се венчаа и хрватската пејачка Нина Бадриќ, фудбалскиот репрезентативец Ведран Чорлука, како и Северина и Игор Којиќ.