понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Борко Ристовски се огласи по свадбата: Николина ме „купи“ за цел живот

Борко Ристовски се огласи по свадбата: Николина ме „купи“ за цел живот

Репрезентативниот ракометен голман и чувар на мрежата на „Барселона“ пред два дена се ожени со Николина, која набрзо треба да го роди нивното прво дете, синот Душан.

-Сега и официјално женет човек. Николина не само што е прекрасен човек, туку има срце и душа со кои ме „купи“ за цел живот. Среќен што си во мојот живот, пишува Ристовски на Фејсбук.

Вчера пак на социјалните мрежи среќната вест ја објави неговата сопруга Никола.

-Од вчера и законски во брак. Колку и да не е важно што постои на лист хартија, моментот е многу посебен и на свој начин емотивен. Совршенство не постои, ниту идеални врски и односи, но вистинска љубов постои и може да биде прекрасна доколку двајца пронајдат заеднички јазик, доколку имаат меѓусобно разбирање и трпение и доколку секој ден се грижат еден за друг без разлика на се. Јас сум среќна за сите заеднички моменти и се надевам дека низ животот заедно ќе раснеме и ќе бидеме само подобри луѓе заедно, напиша г-ѓа Ристовска на еден од своите профили на социјалните мрежи.

Најнови вести