понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Братот на Буба Корели ранет? По пукањето во кој беше и раперот, сега нападнат и неговиот брат

Братот на Буба Корели ранет? По пукањето во кој беше и раперот, сега нападнат и неговиот брат

Според неофицијалните извештаи на медиумите, Ренато Микач, братот на босанскиот рапер Амар Хоџиќ, попознат под псевдонимот Буба Корели, бил ранет синоќа во пукање во Сараево.

Засега не се познати мотивите за пукањето.

– Околу 19,30 часот на месноста Алипашино Поле, на подрачјето на општина Нови Град Сараево, непознато лице користело огнено оружје, а по тој повод едно лице било повредено и се наоѓа на лекување. Полицијата работи на откривање и пронаоѓање на лицето кое користело оружје и се оддалечило од местото на настанот. Тоа е сè што можеме да кажеме во овој момент – изјави за „Ослобоџење“ Мирза Хаџиабдиќ, службеник на Канцеларијата за односи со јавност на Министерството за внатрешни работи на К.С.

Амар Хоџиќ, попознат како Буба Корели, беше уапсен на 16 февруари по пукањето во сараевската населба Ступ.

Најнови вести