Талентот на нашите мали актери кои играат во серијалот „Дајте музика“ е препознаен и од светските режисери. Две од екипата талентирани деца се појавуваат во реклама за интернет провајдер, а спотот во целост е снимен во скопската чаршија. Весна Петрушевска како нивен ментор е горда на нив, а и сите ние се гордееме!
bravo-dechki-decata-od-dajte-muzika-snimija-reklama-vo-skopska-charshija-kje-se-emituva-vo-sad-foto-01.jpg
Саша и Иринеј од „Дајте музика“ се појавуваат во реклама за најпознатиот интернет провајдер во САД, Verizon.
Убавите вести на социјалните мрежи ги сподели нашата позната актерка Весна Петрушевска, која е ментор на дечињата кои се дел од нејзината актерска школа.
„Само да ви кажам дека сме светски и дека странските продукции препознаваат добра актерска школа за деца. Верувајте нема подобро чувство“ – напиша Весна до објавата.
Иринеј Ковчиќ во рекламата е брзо дете, а Саша Димитриевска ја толкува улогата на Ана.
Рекламата е снимена во Старата скопска чаршија, а на Инстаграм страната на продуцентската куќа Motioncreativ има повеќе видеа од снимањето на рекламата.
Во едно од видеата се гледа како Иринеј прашува дали ќе го качат на кров, затоа што бил мошне возбуден поради тоа.
„Не, нема да одиш на кров, тоа ќе го снимиме со дрон, а тебе ќе те снимаме посебно на зелено платно“ – му одговара режисерот Питер Тимберлејк.