вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Брус Вилис првпат виден во јавноста по објавата за болеста ФТД

Брус Вилис првпат виден во јавноста по објавата за болеста ФТД

Глумецот Брус Вилис е првпат виден во јавноста откако неговото семејство минатиот месец објави дека му е дијагностицирана болеста фронтотемпорална деменција (ФТД).

„Уште од објавувањето на дијагнозата на афазија во пролетта 2022 година, состојбата на Брус се избиструваше и сега имаме поконкретна дијагноза – ФТД. За жал, проблемите со комуникацијата се само еден од симптомите на болеста со која Брус се соочува. Иако ова е болно, вистинско олеснување е конечно да се има точната дијагноза“, се вели во известувањето на семејството.

Познатиот актер, според последните наводи, вчера го минал денот со двајца пријатели, во пекарница и на прошетка во Санта Моника, Калифорнија, САД.

Но, и покрај болеста, неименуван извор за „Дејли мејл“ тврди дека Брус сè уште го препознава гласот на поранешната сопруга Деми Мур.

– Деми е во постојан контакт со Брус. Таа ја користи секоја слободна можност да го мине времето со него. Ако не е со него, тој ја повикува да го слушне нејзиниот глас, сведочи неименуваниот пријател.

За жал, се чини, Брус не може многу да зборува и малку разбира од она што му го говорат, според наводите.

Најнови вести