Колку е лоша состојбата на славниот композитор Александар Фута Радуловиќ сведочи и податокот што доцна синоќа побарал спас во Итна помош.
Во семејната куќа на Радуловиќ и Туцаковиќ, по повик од членови на семејството, стигнала екипа за итна помош од приватна клиника.
По прегледот констатирале дека е многу вознемирен, па како терапија му дале седативи за да спие малку.
-Не можеше да затвори очи откако дозна за трагедијата. Само молчи и плаче по цел ден. Повторува дека нема причина да живее. Од болка повеќе не личи на себе. Тој целосно се промени по смртта на Марина, а крајот на Лаќа го уништи. Тој остаре 10 години преку ноќ. Не знам како ќе ја издржи сета оваа процедура и самиот погреб. Од тоа најмногу се плашиме, заклучува изворот за медиумите.
Да потсетиме, сосед од зградата во која живее Фута денес откри како е сега по страшната вест што ја добил.
-Голема тага. Фута е во очај. Не знам како ќе го преживее ова. Тој е во лоша здравствена состојба, а откако почина Маки, ретко излегува. Од сабајле три пати му заѕвонив на врата, го нема да се јави. И сигурно е внатре, кај би одел сега? Ги спушти ролетните, многу се плашам за него да не се разболи. Имаше една госпоѓа вчера попладне, мислам дека им е кума. Слушнав плачење тогаш, но не сакав да одам. Голема трагедија, рекол соседот на несреќното семејство.