Актерката Сандра Булок се најде во центарот на вниманието поради филот Ocean’s 8 во кој глуми со Кејт Бланшет, Ен Хатавеј, но и Ријана.
Во интервјуто кое го даде за магазинот ИнСтајл рече самата била жртва на сексуално вознемирување кога имала 16 години.
-Лесно е да се даде пари на луѓето кои се неверојатно храбри и отворени, рече актерката која донираше половина милион долари за движењето „Времето истече“.
Вели дека движењето не постои само заради актерките, туку за самохраните мајки кои се злоставувани, малтретирани и сексуално вознемирувани.
-Можам со сигурност да кажам дека не постои друга личност која ја знам, а не доживела некаков вид вознемирување или не знае некој кому тоа му се случило. Ми се случи и мене кога имав 16 години. Се чувствуваш парализирано…. До неодамна беше срамота да си жртва, рече Булок.