Фолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ не крие колку сака да го помине слободното време во својата вила на Кипар.
Вилата во која сака да го помине своето слободно време ја купи пред десетина години преку пријател и истата ја купила на кредит во висина од милион и половина евра.
Оазата на мирот на Цеца од 400 квадратни метри има шест спални соби, голема дневна соба додека во дворот е сместен и голем базен со поглед на морето.
Во медиумите неодамна излезе веста дека таа сака истата да ја реновира и дека истата ќе биде побогата за уште еден кат.
-Цеца веќе има проект за реновирање на куќата. Планира потполно да ја промени истата до најситен детаљ. Ќе крене и трет кат на кој ќе направи и спа центар. Ќе вгради џакузи кое ќе има директен поглед на морето како и сауна. Таа бараше да има и посебна соба за масажа, вели добро упатен извор за српските медиуми.
Тој додава дека на првиот кат ќе има голема дневна соба со камин, бидејќи Цеца сака да одмара во вилата во зима, а не само во лето.
-На вториот кат секоја соба ќе има посебен тоалет, а во вилата ќе биде вграден и лифт се со цел гостите полесно да се движат на катовите, вели изворот.