Српската икона Светлана Цеца Ражнатовиќ наводно вложува големи пари како би ја реновирала својата луксузна вила на Кипар која има 400 квадратни метри.
-Цеца веќе има проект за реновирање на куќата. Таа планира потполно да ја реновира целата вила, ќе подигне и трет кат на кој ќе направи и спа центар. Ќе вгради џакузи од кој ќе има директен поглед на морето како од соништата. Бараше да се направи и посебна соба за масажи, раскажува добро упатен извор.
Фолк ѕвездата наводно планира од корен да ја промени својата вила до најситен детаљ.
-Вилата е огромна, во неа може да „плива“ целото семејство. Вељко и Анастасија обожуваат да се собираат таму, да се сончаат, а откако Цеца доби внук најмногу сака таму да се капе во базенот. Сепак пејачката има и голем двор пред вилата каде сака да направи уште едно џакузи, вели изворот.
Тој до најситен детаљ раскажува дека на приземјето ќе има огромна дневна соба со камин, бидејќи Цеца сака да ја посетува куќата во зима, а не само во текот на летото како до сега. На првиот кат секоја спална соба ќе има свој тоалет по реновирањето, а во вилата ќе биде вграден и лифт за да може пејачката полесно да се движи на сите катови.
-Цеца не остава ништо на случајности, па веќе од каталозите ги одбира плочките, паркетот, столаријата како и ексклузивниот мебел.