Актерката Ева Лонгорија која неодамна стана мајка сподели фотографија на својот Инстаграм профил во друштво на своето малечко без грам шминка на лицето.
Со малку уморен изглед и во верзија „сапун и вода“, поточно, со супер природен изглед, ваквиот лик на Лонгорија многу им се допадна на нејзините бројни фанови.
Со оваа фотографија, убавата 43годишна актерка сакала да покаже дека откако е мајка, има сосема други приоритети во животот.