Емина Јаховиќ уште еднаш го привлече вниманието на јавноста кон нејзиниот изглед со една од последните фотографии на Инстаграм.
Иако се работи за навидум сосема обична фотографија. Пејачката се сликаше во бела памучна маица со коса врзана во коњско опавче, без шминка… Но , усните на Емина изгледаат многу поголеми, па фановите се прашуваа дали таа повторно ги поправи, односно зголеми.
„Емина има природни усни“, напиша еден обожавател, а многумина не се согласија со него.
Некој дури напиша дека Емина со своите естетски корекции секогаш била пред своето време.
Покрај изгледот, обожавателите го коментираа и изразот на лицето на Емина, па многумина рекоа дека треба да се насмевне и да не изгледа тажно.
„ Зошто се тажни твоите очи …“, гласи еден од коментарите, иако пејачката напишала во описот дека „вака изгледа работохолик после работа“.