среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Дарко Лазиќ сврте нов лист: Призна какви пороци имал, дрогата веќе не е дел од неговиот живот

Дарко Лазиќ сврте нов лист: Призна какви пороци имал, дрогата веќе не е дел од неговиот живот

Популарниот фолк пејач Дарко Лазиќ вели дека се откажал од речиси сите пороци откако се оженил со Катарина Стојановиќ, па сега тврди дека престанал да брка жени и да зема психоактивни супстанци.

Фолкерот рече дека само понекогаш пие кога се собира со пријателите.

-Не е добро да зборувам за тоа колку сум се променил, подобро е тоа да го кажат другите. Можам само да кажам дека повеќе не можам да се препознаам. Пороците беа составен дел од мојот живот. Ако се откажев од се, повеќе немаше да бидам јас. Сега се е во нормални граници. Веќе не пушам, не се дрогирам, не се курвам, само понекогаш пијам нешто, вели Дарко.

-Некако ми се слоши да земам било што, дрога и слично затоа што сите се во тој стил во денешно време. Она што го кажа Аца Лукас, порано беше интересно да се дрогира, но сега е истрошено. Никогаш не криев дека сум порочен. Единствениот проблем со мене беше што немав мерка. Претерав и тогаш за малку ќе ме чинеше глава. Сите знаат дека под дејство на алкохол седнав зад воланот и излетав. Можеше да биде хаос. Бев “добар“ наркоман, сакав се да пробам и тука, на некој начин, ја платив цената. Тој период од мојот живот е како пекол! Во денешно време ретко зборувам за тој период кога се случи сообраќајната несреќа. Не сакам да се навраќам на тоа и само да кажам дека сме живи и здрави. Ретко се каам за нешто, мојот живот е моја работа, истакна пејачот.

Лазиќ изјави дека дури по несреќата сфатил кои се неговите вистински пријатели на сцената и што навистина мислат неговите колеги за него.

Најнови вести