петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Детали за свадбата која ќе се зборуваат уште долго – семејството Ѓоковиќ планира да издвои вртоглави 150 илјади евра само за оваа желба на бремната снаа

Детали за свадбата која ќе се зборуваат уште долго – семејството Ѓоковиќ планира да издвои вртоглави 150 илјади евра само за оваа желба на бремната снаа

Младиот брат на Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе Ѓоковиќ и неговата избраничка Сашка Веселинов ќе се венчаат во црква во Белград на 12 септември, па прославата ќе продожи во Црна Гора во еден познат ресорт во Херцег Нови.

На свадбената веселба во Црна Гора ќе присуствуваат само членови на нивните семејства и најтесниот круг на пријатели.

„Иако Ѓорѓе и Сашка се обидоа сите детали за венчавката да ја држат во строга тајност, сепак тука во Црна Гора се се дознава. По венчавката во Белград, која најверојатно ќе се одржи во Соборната црква, а за која семејството Ѓоковиќ е многу врзана и своевремено беа кумови, веднаш ќе се упатат во Црна Гора – започнува изворот за српските медиуми и потоа открива и други детали од веселбата:

„Ова „најеверојатно“ го кажувам, бидејќи некои од страната на младата се за тоа венчавката да биде во Храмот Свети Сава, па ќе видием чија ќе биде последна (се смее). Во Црна Гора како што се зборува тука, младенците пристигнуваат со 80 гости. Колку тие се грижеле за нив, се гледа и по тоа што Ѓорѓе и неговата бремена вереница на сите им обезбедиле авионски карти и сместување во еден луксузен хотел.

Гостите во Црна Гора ќе бидат четири дена, каде ќе бидат организирани неколку забави. За секоја од овие забави има посебен дрес-код, кои сите поканети ќе мора да го испочитуваат. Помеѓу гостите, покрај членовите на семејствата, ќе бидат присутни и нивните најдобри пријатели и соработници. Се ќе биде на врвно ниво, од трпезата на која ќе има специјалитети од сите кујни на светот, пијалоци, па до добра музика. Оваа свадба можеби ќе ја помине и таа на Ноле и Јелена – завршува изворот“.

Инаку, ноќевање во хотелот каде тие разервирале за своите гости, за две лица за четири дена колку што ќе останат, чини 3.000 евра, додека цената на повратните авионски карти изнесува околу 200 евра. Со проста математика, се доаѓа до сума од 150.000 евра и тоа само за сместување и превоз на гостите. Ноле и Јелена исто така се венчаа во Црна Гора, кои Ѓоковиќ особено ја сакаат, само што тие го избраа Свети Стефан.

Најнови вести