Пејачката Наташа Беквалац неодамна го реновираше станот од корен, а тоа ја вклучува и детската соба на нејзините две ќерки.
Овој пат таа на својот Инстаграм профил сподели видео на кое се гледа како изгледа детската соба на Хана и Катија, а многумина речиси останаа подзинати.
Во нивното царство се наоѓа голем кревет, бела маса, омилени играчки, додека на ѕидовите има тапети во различни нијанси и апликации.
Освен тоа во детската соба се гледаат и нивните кученца кои се добредојдени дури и во собата за најмалите.